Де Лаурентис „полудел“: Гатузо наскоро ќе биде поранешен, но…

Првиот човек на Наполи, Де Лаурентис е подготвен да го менува Џенаро Гатузо од клупата на својот клуб.

Де Лаурентис, како што пренесува „Газета дело спорт“, синоќа „полудел“ по поразот од 0-2 од Фиорентина. Наполи е очаен под палката на Гатузо кој има четири порази од пет меча во Серија А. Претседателот на наполитанците бил исклучително лут, што пред своите најблиски соработници но и членовите на стручниот штаб отворено кажал дека сака да го врати Анчелоти, кој неодамна потпиша договор со Евертон.

Но, и Лаурентис знае дека враќањето на Анчелоти е невозможно. А наредниот период следи дополнителен „кошмар“ за клубот. Наполи го пречекува Јувентус, игра во Купот со Лацио, а деновите на Гатузо, се чини, дека веќе се одбројани.

Се вчитува...