Де Лихт на „забрзан курс“ за јадење со нож и вилушка (видео)

Матијс де Лихт нецела година е во Јувентус, па се уште се нема навикнато на јадење со нож и вилушка кога станува збор за италијанската кујна. Така, тој денеска беше „фатен на дело“ од страна на Квадрадо, кој постираше видео како младиот Холанѓанец „јаде како Хулк“ во клупскиот тренинг-центар.

Видеото вирално се рашири, а во обид да го сочува имиџот на младиот ас Јувентус беше организиран нов оброк. Овојпат Де Лихт беше на висина на задачата, со нож и вилушка „одговори на предизвикот“.

Очигледно е дека „забрзаниот курс“ што го имал во меѓувреме вродил со плод…

Се вчитува...