Де Лихт најмалку еден месец надвор од терените

Холандскиот стопер Матијас Де Лихт ќе отсуствува меѓу четири и шест недели поради повреда на коленото здобиена на мечот од купот против Сарбрикен во кој Баварците доживеаја сензационален пораз (2-1).

Де Лихт го започна натпреварот, заедно со Ким Мин-Јае во стоперскиот тандем, но беше принуден да го напушти теренот во 25. минута.

Се работи за повреда на лигаментите поради која Холанѓанецот ќе го пропушти „Дер класикер“ против Борусија Дортмунд, кој е закажан за в сабота, како и останатите ноемвриски натпревари.

По излегувањето од игра на поранешниот играч на Ајакс и Јувентус, Баерн прими два гола и го заврши настапот во Националниот куп. Повредата на Де Лихт е особено проблематична со оглед на тоа што Тухел има на располагање само уште двајца стопери – Ким и Упамекано.

Се вчитува...