Де Роузен го напушта Сан Антонио и преминува во Детроит Пистонс

Демар де Роузен би можел да го напушти Сан Антонио Спaрс, пренесуваат американските медиуми. Искусниот кошаркар има право да го прекине договорот вреден 27,7 милиони долари и да стане слободен кошаркар.

Наводно тој е подготвен да го направи тоа, а како најголем фаворит за неговиот потпис се споменува името на Детроит Пистонс кој го води поранешниот тренер на Торонто Репторс Двејн Кејси.

За потсетување Де Роузен ги напушти Репторс во 2018 година од каде по девет години премина во Спaрс. Во дресот на Торонто четири пати беше дел од „Ол-стар“ викендот, а по еднаш беше избиран во вториот и третиот најдобар тим во регуларниот дел од сезоната.

Се вчитува...