Тотенхем реши да ризикува во потрагата по нов крилен офанзивец и да го ангажира Михајло Мудрик, Украинецот од Челси кој неколку години воопшто не играше фудбал поради допинг суспензија.
„Спарси“ последните неколку седмици интензивно преговараа за нов офанзивец, најпрвин испаднаа од трката по Гакпо, а откако им пропадна и опцијата Ндаје (се пресели во Манчестер Сити), Де Зерби реши вниманието да го насочи кон Мудрик, фудбалер што добро го познава од сезоната 2021/2022 што заедно ја минаа во Шахтјор Доњецк.
Самиот играч одби неколку понуди надвор од Англија за да остане во Премиер-лигата, решен да се докаже дека е доволно добар за да биде дел од најсилната лига во светот. Клубовите ги договорија деталите околу едногодишната позајмица, по што и Мудрик му кажа ДА на Тотенхем, а официјалниот потпис се очекува пред крајот на преодниот рок.
Тотенхем договори уште еден трансфер од Челси, нов член на „спарси“ ќе биде и дефанзивецот Тосин Адарабиојо кој за разлика од Мудрик ќе се пресели на перманентен трансфер, не на позајмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
