Дебакл на МЗТ Скопје во контролата со ПАОК

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром доживеа убедлив пораз 97-53 во контролниот натпревар против ПАОК одигран во Солун како дел од подготовките за новата сезона во АБА лигата и домашното првенство.

„Металците“ одиграа натпревар кој беше далеку под нивните можности. Домаќините уште во првата четвртина почнаа силно, па по десет минути игра стигнаа до предност од девет поени (28-19). До крајот на првиот дел веќе беше и плус 22 на семафорот (53-31).

Во второто полувреме предноста на домашниот тим само се зголемуваше за конечни (97-53). Франке со 18 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај македонскиот шампион ниту еден кошаркар не заврши со двоцифрен број на поени. Крстевски натпреварот го заврши со девет поени, додека по осум поени имаа Максвел, Магдевски и Дамјан Стојановски.

Се вчитува...