Дебакл на Србите – примија пет гола и загубија од Мексико (ВИДЕО)

Убедлив пораз на Србија на пријателскиот натпревар против Мексико со 5-1. За Мексиканците ова беше последниот тест пред почетокот на Светското првенство. Србите први поведоа, а потоа доживеаја дебакл и примија пет гола.

Натпреварот започна како што се очекуваше, со голем притисок од високо мотивираната домашна селекција, за која ова беше последен тест пред дуелот со Јужна Африка. 

Сепак, Петар Станиќ прв погоди по асистенција на Лучиќ и грешката на Гаљардо. Сепак, домашните продолжија со нападите, а во последните минути од првиот дел дојдоа до два гола преку Гутиерез и автогол за пресврт уште на паузата.

Следуваа голем број замени, и до крај целосна доминација на Мексико, за трети гол преку Хименез во 57. минута. Четвртиот гол повторно автогол на Авдиќ, и на крајот Чавез успеа да ги постави конечните 5-1.

Се вчитува...