Селекторот на Египет без влакна на јазикот: „Овој меч беше наместен од ФИФА, овој фудбал нема фер-плеј, правда и почит!“

 

Селекторот на Египет, Хосам Хасан екстремно лут по драматичниот пораз на неговата селекција од 3-2 од Аргентина.

Хасан по мечот ни малку дипломатски, без влакна на јазикот, иако свесен дека можеби ќе следат за него казни од ФИФА, жестоко се нафрли на Светската фудбалска федерација.

„Ова беше наместен натпревар. Ако ФИФА планира Аргентина да биде светски шампион и да ја носат до титула, нека кажат отворено за ние останатите да не се малтретираме. Овој фудбал нема никаков фер-плеј, нема никаква правда и почит. Ова е најсрамното светско првенство“ – рече Хасан по дуелот со Аргентина.

Селекторот на Египќаните вели дека имало чист пенал за нив пред вториот гол на Аргентина, при што ВАР не се огласил, а не бил досуден пенал и за Салах во последните минути од средбата.

Се вчитува...