Деби на Рангник со победа: Фред му донесе триумф на Јунајтед (ВИДЕО)

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник дебитираше со победа на клупата на „црвените ѓаволи“. Избраниците на германскиот тренер денеска го совладаа тимот на Кристал Палас со 1:0.

Стрелец на голот вреден три бода беше Фред во 77. минута на асистенција на Гринвуд.

Лидс во последните мигови од мечот со Бренфорд се спаси од пораз. Лидс водеше, а Бренфорд направи пресврт, но на крајот во последните секунди домаќините дадоа гол за 2-2 и еден бод од овој меч.

Тотенхем со убедливи 3-0 го совлада составот на Норич. Мура, Санчез и Сон беа стрелци на трите гола за тимот од Лондон.

Се вчитува...