Деби на Таневски – Надежите ја пречекуваат Црна Гора во Битола

Младата репрезентација на Македонија до 21 година ја очекува натпреварот против Црна Гора кој ќе биде и официјално деби за новиот селектор Александар Таневски.

Таневски очекува тимот да покаже карактер и дисциплина, но и јасна идеја за начинот на кој сака да игра.

„Пред се, против Црна Гора, особено бидејќи тоа ќе биде мојот прв официјален натпревар како селектор на репрезентацијата, сакаме позитивен резултат и победа. Сакам да видам карактер и дисциплина, но и начинот на кој сакаме да играме во иднина. Натпреварот со Русија ни беше добар тест. Во првото полувреме имавме три одлични шанси, игравме компактно и со добра енергија. Иако го загубивме натпреварот со 3-2, добивме важни одговори и видовме дека имаме фудбалери на кои можеме да сметаме во иднина“, вели Таневски.

Фокусот сега е целосно насочен кон Црна Гора. Македонија сака со добра игра и позитивен резултат да го отвори новиот период под водство на Таневски, но паралелно и да продолжи да создава тим кој ќе биде подготвен за следниот квалификациски циклус.

„Сега фокусот е целосно на Црна Гора. Сакаме со добра игра, карактер и позитивен резултат да го отвориме овој нов период, а паралелно да продолжиме да градиме екипа која ќе биде подготвена за следниот квалификациски циклус“, изјави Таневски. 

Натпреварот кој ќе се игра на „Петар Милошевски” во Битола е со почеток во 18 часот.

Се вчитува...