Дефанзивец на Челси сака трансфер во Баерн Минхен

Дефанзивецот на Челси, Тревор Чалоба сака да го напушти клубот и да ја смени средината. Тој се надева дека во јануари ќе има понуда од Баерн Минхен.

24-годишниот играч веќе беше на праг на потпис со „Баварците“. Сепак, зделката пропадна во последен миг и тој мораше да остане на Стемфорд Бриџ, и сега се надева дека ќе дојде до трансфер.

Исто така Баерн продолжува со интересот за Англичанецот, особено ако се има во предвид дека и натаму има проблеми во одбраната. Клубот планира да го позајми до крајот на сезоната, со опција за откуп.

Се вчитува...