Дефинитивно без Тричковски и Спировски против Летонија и против Словенија

Македонската репрезентација и дефинитивно ќе биде без Иван Тричковски и Стефан Спировски на стартот од квалификациите за пласман на ЕП 2020.

Тричковски и Спировски, и покрај проблемите со повреди, се најдоа на првичниот список на селекторот Игор Ангеловски меѓутоа денеска не се појавија на собирот на националниот тим во хотелот „Плаза“ во Скопје, со што како што информираа и од стручниот штаб дефинитивно отпаѓаат за пресметките со Летонија и со Словенија.

Македонија на 21. март против Летонија на националната арена „Филип Втори“ ги отвора квалификациите за ЕП 2020, а пресметката со Словенија е на 24. март во Љубљана.

Се вчитува...