Дефинитивно: Исланд без Арон Палмарсон на СП!

ЕКИПА во Мец, 

Стеван Цаневски, Билјана Благоеска Петрушева

Селекцијата на Исланд, која ќе биде последен ривал на Македонија во групата Б, ќе биде значително ослабена откако Арон Палмарсон и дефинитивно отпадна од комбинација за настап на овој шампионат. Најдобриот исландски ракометар неколку месеци се мачеше со повреда, тој вчера се обиде да тренира со остатокот од националниот тим, но откако стана јасно дека повредата не е санирана реши да не ризикува.

По деталната анализа на ситуацијата во текот на минатата ноќ, стручниот штаб и лекарскиот тим решија Арон Палмарсон да не настапи на ова Светско Првенство. Тој ќе се врати назад во Исланд, каде ќе продолжи со рехабилитациската програма“ – се вели во соопштението на Исландската Ракометна Федерација.

Отсуството на извонредниот плејмејкер е уште еден во низата проблеми за исландскиот состав, откако репрезентативните кариери во последните месеци ги заврши Снори Гудјонсон, Александер Петерсон и Роберт Гунарсон.

Воедно, поради повреда настапот на овој мундијал го откажа и еден од најдобрите дефанзивци на исландскиот национален тим, Вигнир Сваварсон.

Се вчитува...