Дефинитивно: Ким го избра Баерн Минхен

Уште една транфер-сага од стартот на летниот преоден рок е пред завршница откако Ким Мин-Џае ја прифатил понудата на Баерн Минхен, па веќе нема никаква дилема дека корејскиот дефанзивец својата кариера ќе ја продолжи на „Алијанц Арена“.

Ким имаше извонредна сезона во дресот на Наполи, експресно адаптирајќи се на стилот на игра во Калчо-лигата по трансферот во Фенербахче, по што беше и повеќе од достојна замена за Калиду Кулибали. Проблем за Наполи беше фактот дека во неговиот договор имаше клаузула за раскин во висина од 60 милиони евра, што неколку европски гиганти веднаш се согласија да ја платат, па пресудна беше желбата на фудбалерот, каде сака да ја продолжи кариерата.

Долго време лидер во оваа трка беше Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ уште еднаш извисија откако Баерн Минхен тргна во офанзива за потпис на корејскиот репрезентативец. Тухел беше во потрага по нов дефанзивец на местото на Лукас Хернандез (ќе се пресели во ПСЖ), успевајќи да го убеди Ким дека Баерн е вистинскиот клуб за мене. Веќе се договорени сите детали од петгодишниот договор, Баерн има рок до 15 јули за да ја активира клаузулата, но се очекуваа германскиот шампион тоа да го стори во наредните 24 часа, по што ќе следи и официјализација на трансферот.

Се вчитува...