Дефинитивно нема да има Ф1 трка во Виетнам

Формула 1 трка во Виетнам и дефинитивно нема да има. Организаторот потврди дека првата Ф1 трка што требаше да биде одржана во оваа земја е конечно откажана. Натпреварувањето кое требаше да се одржи во април годинава,  првично беше одложено поради пандемијата на коронавирусот. Во јули, власитте на Ханој се огласија со став дека би можело трката да се одржи во ноември.

„Ова беше многу тешка одлука, но сепак беше едниственото исправно решение откао ги разгледавме сите безбедносни критериуми како и можноста за ефикасност во моменталните услови“ – вели директорот на трката.

Во Виетнам има 11 000 заразени со COVID-19. Според мионистерството за здравсто на земјата, починати се 35 лица. Дека Виетнам нема да биде на календарот годинава стана јасно во август кога Ф1 го објави календарот на кој не фигурираше ова како и натпреварувањењто во Кина. Денеска само дојде официјалната потврда.

Се вчитува...