ДЕФИНИТИВНО: Пеп Гвардиола заминува од Сити, познат и новиот тренер!

Во битката за титулата сезонава во Премиерлигата, иако се чинеше дека Арсенал ќе биде тој што ќе се „лизне“, Манчестер Сити направи грешка па „топчиите“ го искористија тоа и се вратија на врвот на табелата, и сега сè е во нивни раце.

Арсенал игра против Барнли дома овој викенд, а победата ги носи еден чекор поблиску до исполнување на својот сон.

Секако, се очекува лесна победа за „топчиите“, додека Манчестер Сити има многу потешка задача бидејќи гостува кај Борнмут.

Доколку двата тима победат, тогаш сè ќе се одлучи во последното коло кога Арсенал ќе гостува кај Кристал Палас, а Манчестер Сити ќе игра против Астон Вила дома.

А, на неколку дена пред натпреварот со Борнмут, информациите и дека Пеп Гвардиола дефинитивно го напушта Манчестер Сити на крајот од сезоната, а веќе е познато кој ќе го замени.

Станува збор за неговиот ученик, Енцо Мареска, кој претходно работеше во Челси, а го напушти овој тим на почетокот на годината.

Пред неколку дена, Мареска разговарал и со челниците на Наполи, но негов главен приоритет е преземањето на Манчестер Сити.

„Бев во Англија седум или осум години и сум многу среќен таму, но кога си тренер мора да бидеш подготвен за разни ситуации. Не знам што ќе се случи, ќе видиме каде ќе завршам. Добар сум дома, но не за долго“, изјави Мареска за италијанските медиуми.

Како што стојат работите, тој ќе биде новиот тренер на Манчестер Сити од лето.

Откако ќе се врати на „Етихад“, овој пат во поинаква улога, ќе има многу тешка задача, а тоа е да направи многу повеќе отколку што успеа Пеп Гвардиола.

Се вчитува...