Дејан Георгиевски на седмото место на светската таеквондо ранг листа

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски забележа голем скок на светската ранг-листа по освојувањето на сребрениот медал во категоријата над 80 килограми на Летните олимписки игри во Токио.

Георгиевски испиша историја за Македонија откако стана само вториот медалист од независноста на нашата земја, а првиот роден Македонец, откако претходно бронза освои само Могамед Ибрагимов на игрите во Сиднеј во 2000 година.

Во моментов Георгиевски се наоѓа на седмата позиција на ранг листата, која ја предводи актуелниот олимписки шампион Владислав Ларин, а веднаш зад него е Кореецот, Дон Ин-Кјо, кој нашиот Георгиевски го совлада на пат до финалето.

Се вчитува...