Први во Келн денеска пристигнаа ракометарите на Барселона, а по нив експедицијата на Веспрем во која се наоѓа и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.
За нашето лево крило ова е прво учество на фајналфор турнирите од Лигата на шампионите, а Манасков не ја крие желбата веднаш да стигне до пехарот, кој воедно би бил прв и во клупската историја на Веспрем.
„Знаеме дека во Келн нема фаворити, мора да се одигра максимално 60 минути ако се сака да се стигне до победата. Јас лично сум среќен што конечно ќе добијам шанса да играм на Ф4 од ЛШ, секој ракометар сонува еден ден да стане дел од големиот ракометен спектакл“ – истакна Дејан Манасков во пресрет на фајналфор турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА