Дејан Манасков со порака до „хејтерите“: Некои луѓе сакаат да не успееш…

Дејан Манасков ги остави зад себе проблемите по тешката повреда на коленото и покажа дека се наоѓа во топ-форма, откако македонскиот репрезентативец одигра извонреден меч постигнувајќи десет гола на дуелот со Дабаш.

И додека стигнуваат честитки до Македонецот по овој одличен меч, Манасков не заборави да ги „пецне“ оние кои не веруваа во неговите квалитети кога му беше најтешко.

„Некои луѓе сакаат да не успееш. Разочарај ги“, напиша Манасков на својот профил на социјалните мрежи.

Се вчитува...