Дејан Михајловиќ уште две години во Бутел Скопје

Ракометниот клуб Бутел Скопје го задржа еден од своите клучни ракометари, откако кружниот напаѓач Дејан Михајловиќ потпиша нов двегодишен договор. Со оваа соработка, искусниот пивот ќе остане во скопскиот тим најмалку до летото 2028 година.

Михајловиќ беше меѓу најдобрите стрелци и предводници на Бутел Скопје во изминатата сезона, па неговиот потпис е важен чекор во стабилизирањето на ростерот. Клупската управа очекува тој да остане еден од лидерите на теренот и да даде клучен придонес во борбата за високи дострели во домашното првенство и во Купот на Македонија.

Се вчитува...