Дејан Милојевиќ доживеал срцев удар

Српскиот кошаркарски тренер и член на стручниот штаб на Голден Стејт вориорски, Дејан Милојевиќ доживеал срцев удар, пренесува српски „Спортклуб“. Тој се наоѓа во болница во Солт Лејк сити каде што минатата ноќ бил опериран.

На Милојевиќ му се слошило претходната вечер за време на вечерата во ресторан во Солт Лејк Сити, каде Голден Стејт Вориорс вечерва ќе одиграат натпревар против Јута Џез.

Спорт Клуб дозна дека Милојевиќ бил брзо пренесен во најблиската болница и потоа опериран. Повеќе информации за здравствената состојба на поранешниот српски репрезентативец и долгогодишен тренер на Мега ќе бидат познати во текот на денот.

Се вчитува...