Дејан Милојевиќ го напушти Будуќност, следна дестинација – Голден Стејт

Дејан Милојевиќ од следната сезона ќе биде дел од стручниот штаб на Стив Кер и Голден Стејт Вориорс откако српскиот тренер ја прифатил понудата од составот од Оукленд, објавија српските медиуми.

Милојевиќ долги години беше тренер на Мега со која оствари голем успех, а вториот дел од претходната сезона ја помина во редовите на Будуќност со кој стигна до четвртфиналето од Еврокупот, финалето на АБА лигата и го освои црногорското првенство.

Ова ќе биде втор пат четириесетичетири годишниот стратег да соработува со клуб од НБА лигата откако беше дел од Летната лига со Торонто во 2018 година.

Се вчитува...