Дејан Недев на врвен карате семинар во Италија

Најдобриот македонски каратист, Дејан Недев на покана на Италијанската федерација за Традиционално карате викендов ќе учествува на врвен карате семинар во Св. Антиоко, Сардинија, Италија.

Семинарот ќе го води светската карате легенда Сенсеи Хироши Шираи – 10. дан, а Дејан ќе биде еден од главните асистенти на овој семинар.

Овој семинар е од голема важност како за Недев така и за помладите каратисти-репрезентативци кои кон крајот на годината ќе земат учество на светскиот фудокан шампионат во Клуж, Романија и обединетиот Светски карате шампионат во Монтекатини, Италија.

Се вчитува...