Дејан Пецаковски му кажа збогум на ракометот

Долгогодишниот македонски репрезентативец Дејан Пецаковски донесе одлука летово да ја заврши својата богата кариера, на 38-годишна возраст кажувајќи му збогум на активното играње ракомет.

Информацијата ја обелодени неговиот клуб РК Пролет, чиј член Пецаковски беше од 2020 година, јавно искажувајќи благодарност за неговиот придонес во последните четири години.

„Најискусниот ракометар во Пролет, Дејан Пецаковски, донесе одлука на крајот од оваа натпреварувачка сезона да му каже збогум на активното играње ракомет. Поранешниот македонски репрезентативец настапуваше за бројни македонски клубови, а ние како клуб сме горди што тој од 2020 го носеше дресот на Тинекс Пролет, секогаш давајќи го максимумот за нашата екипа. Пролет како клуб му врачи благодарница на Пецаковски за неговиот придонес во изминатите години, што му беше врачена од страна на претседателот Кадиевски и директорот Огњеновски на последниот тимски собир со кој беше заокружена оваа натпреварувачка сезона. На Дејан Пецаковски му посакуваме се најдобро во иднина, со надеж дека патиштата би можеле наскоро повторно да ни се спојат“, се вели во објавата на официјалната веб-страница на РК Пролет.

Се вчитува...