Дејвис куп: Грабул донесе втор триумф за Македонија

Искусниот македонски тенисер Димитар Грабул го донесе вториот поен за Македонија во дуелот против селекцијата на Исланд, во Третата Евроафриканска зона од Дејвис купот. По Горазд Србљак, и Димитар Грабул покажа поголем квалитет од Исланѓанецот Биркир Гунарсон и го совлада со 2-0 во сетови (6-2, 6-3).

Преостанува да се одигра уште пресметката во двојки, каде македонскиот тандем Горазд Србљак и Димитар Грабул ќе се сретне против Биркир Гунарсон и Егил Сигурдсон.

Се вчитува...