Дејвис трагичар, Бостон по продолженија подобар од Лејкерс (ВИДЕО)

Во дербито на НБА лигата, Бостон Селтикс по продолженија славеше со 118-122 на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс.

Ентони Дејвис е трагичар за Лејкерс, откако центарот во регуларниот дел промаши две слободни, по кои Џејсон Тејтум поентираше и го одведе мечот во продолженија. Токму Тејтум со 44 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Ентони Дејвис заврши со 37.

Милвоки Бакс беше сигурен на домашен терен против шампионот Голден Стејт Вориорс со 128-111. Јанис Адетокумбо со 30 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Стеф Кари постигна 20. ж

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Филаделфија – Сакраменто 123-103, Хјустон – Феникс 111-97 и Јута – Њу Орлеанс 121-100.

Се вчитува...