Дел од репрезентативците од историскиот меч во Крањ и сега со поддршка за Македонија (ФОТО)

Дел од македонските легенди кои со златни букви се запишаа во историјата на македонскиот фудбал како учесници во првиот репрезентативен натпревар против Словенија во Крањ 1993 година, сега како гости на Фудбалската федерација на Македонија со поддршка на националниот тим во Љубљана.

Стрелецот на првиот гол за Македонија во историја, Зоран Бошковски – Чоко, заедно со Драган Канатларовски, Неџмедин Мемеди, Светозар Станковски но и поранешниот репрезентативец Арџент Беќири ќе бидат поддршка за Горан Пандев и компанија утре на „Стожице“ во Љубљана.

Се вчитува...