Дел Потро и Димитров во 3. коло во Мајами, елиминација на Вознијацки

Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро и Бугаринот Григор Димитров се пласираа во 3. коло на Мастерсот во Мајами.

Дел Потро беше подобар од Робин Хасе од Холандија со 6-4,5-7,6-2, додека Димитров го победи Германецот Максимилијан Мертерер со 4-6,6-2,6-1.

Аргентинецот во 3. коло ќе се сретне со Јапонецот Кеи Нишикори, додека Димитров против Французинот Жером Шарди.

На женскиот турнир Каролина Вознијацки загуби од Моника Пуиг од Порторико со 6-0,4-6,4-6.

Се вчитува...