Дел Потро лесно против Крајиновиќ за пласман во четвртфинале на Мајами

Освојувачот на Индијан велс Хуан Мартин Дел Потро, славеше рутинирана победа со 2-0 (6-4, 6-2) во сетови над српскиот тенисер Филип Крајиновиќ во осминафиналето од АТП турнирот во Мајами. Во мечот кој траеше помалку од час и половина, Србинот пружи отпор во првиот сет, но самодовербата падна по изгубениот сет и практично се загуби во остатокот од мечот.

На почетокот од вториот сет, Аргентинецот направи два брејка врзувајќи четири гемови во своја корист и стигна до убедлива победа. Дел Потро во четврфиналето ќе се сретне со канадскиот тенисер Милош Раониќ.

Се вчитува...