Деле Али ги загуби нервите по замената: Дофрлувања кон Мурињо, „беснееше“ на клупата (ФОТО)

Тотенхем синоќа загуби со 0-1 од Лајпциг пред своите навивачи во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Одлучувачкиот момент беше во 58. минута кога Вернер беше соборен во домашниот шеснаесетник, и токму истиот фудбалер успешно го реализираше ударот од белата точка.

Колку беа фрустрирани домашните фудбалери најдобро покажува реакцијата на Деле Али. Португалскиот стратег Жозе Мурињо се одлучи да го извади од игра во 64. минута, а тоа очигледно не му се допадна на Деле Али.

Деле Али уште кога излегуваше му дофрлуваше нешто на Мурињо, за потоа да продолжи да „беснее“ и на клупата за резервни фудбалери.

Се вчитува...