Деле Али под крилото на супер – агентот Мендеш

Познатиот фудбалски агент, Жорге Мендеш се обидува да го придобие фудбалерот на Тотенхем, Деле Али да биде клиент на неговата агеницја „Гестифут“. Португалскиот агент наводно преговарал со семејството на Али со цел да го земе англискиот репрезентативец под свој „кров“.

Сепак, договорот на младиот Англичанец со „Импакт спортс менаџмент“  агенцијата, поточно нивниот агент Роб Сигал, има рок на траење до средината на следната година, така што ниту Али, ниту Мендеш не се брзаат за да се постигне соработка.

Впрочем, договор меѓу Али и Мендеш ќе значи дека фудбалерот ќе биде поблиску до трансфер во Реал Мадрид, знаејќи дека португалскиот агент има долгогодишна и успешна со „кралскиот“ клуб. Не е тајна  дека Флорентино Перез го смета Али за идниот „галактико“, а и самиот фудбалер има изразено желба да преселба во Мадрид во иднина.

Се вчитува...