Црвена Звезда го победи Партизан со 2-1 во 160. вечно дерби на српскиот фудбал, а „Делиите“ на свој начин изразија почитување кон легендарниот капитен на црно-белите Саша Илиќ.
„Во секое жито има добар капитен на најлошиот тим. Саша Илиќ, наздравје“, пишуваше на транспарентот на навивачите на Црвена Звезда.
По мечот Илиќ им се заблагодари на навивачите на Црвена Звезда на гестот.
„Тоа е доказ дека сите години кои ги поминав во Партизан, сум бил коректен кон навивачите на Црвена Звезда. Покажаа голема почитување, им благодарам на тоа. Мене ми беше последно вечно дерби како фудбалер и благодарен сум на тоа. Не сум личност која сака да провоцира и секогаш сум се трудел да бидам коректен“, изјави Илиќ.
Црвена Звезда со синоќешната победа над големиот ривал ја зголеми предноста на табелата на шест бода, пред второпласираниот Раднички од Ниш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА