Делонте Вест повторно во очајна состојба – „Јас сум Исус, подобар сум од Леброн и Џордан“

Некои луѓе дефинитивно не сакаат ни кога ќе им понудена помош. Таква е и ситуацијата со поранешниот НБА кошаркар, Делонте Вест. Откако минатата година сосптвеникот на Далас Маверикс, Марк Кјубан го зема под свое, веднаш го испрати во клиника за рехабилитација, и се сметаше дека Делонте Вест е во вистински раце односно ќе го фати правиот пат.

Сепак, новобјавената снимка од Флорида во кој Вест се наоѓа во очајна состојба покажува дека човекот има големи проблеми.

„Јас сум Исус, и сум подобар од Леброн Џејмс и Мајкл Џордан. Јас сум господот на оваа игра“, вели Вест при апсењето. 

 

 

Се вчитува...