Демант од Италија: Раиола не е мртов, тој се бори за живот!

Фудбалскиот свет денеска со шок ја прими информацијата од Италија, дека супер-агентот Мино Раиола починал по тешко и долго боледување.

Шокот стана уште поголем откако почнаа да се јавуваат деманти на оваа вест, од луѓе блиски до Раиола кои тврдат дека неговата состојба е тешка, но дека агентот на Ибрахимовиќ, Погба и на уште многу фудбалски суперѕвезди се уште е жив.

Прв што јавно прокоментира на оваа тема е челникот на Џенова, Алберто Зангрилјо, кој истовремено е и лекар во клиниката во Милано каде што е сместен Раиола.

„Мино не е мртов, тој се бори… Навистина ми се гади од оние кои се појавија со шпекулации дека човекот е мртов. Најстрашно е да прогласите за умрен човек што толку силно се бори за живот“, изјави Зангрилјо.

Се вчитува...