Дембеле е слободен да замине, Јунајтед прв во редот за негов потпис

Тренерот на Барселона Роналд Куман вели дека Османа Дембеле е слободен да го напушти клубот кога и да посака. Тој вели дека како прва опција на крилната позиција за сезонава ќе смета на младиот Ансу Фати кој сезоната ја стартуваше со два гола.

Како прв фаворит за неговиот потпис се споменува Манчестер Јунајтед кој очајно сака да се засили на крилните позиции. Ситуацијата со Џејдон Санчо е многу комплицирана, па затоа од „Олд Трафорд“ бараат и бек-ап за до крајот на преодниот рок кој е во понеделник.

Османа Дембеле во Барселона стигна во 2017 година од редовите на Борусија Дортмунд. За каталонскиот клуб запиша само 52 настапи на кои постигна 12 гола, а поголемиот дел од периодот поради повреда беше надвор од терените.

Се вчитува...