Дембеле од Барселона се сели во ПСЖ за 50 милиони евра

Усман Дембеле минатото лето потпиша нов двогодишен договор со Барселона, но францускиот репрезентативец најверојатно летово ќе си замине од „Камп Ноу“. Тренерот Чави е презадоволен од Французинот, но тој самиот ги разгледува опциите за трансфер, уште повеќе ако се знае дека во договорот има клаузула што му овозможува предвремено заминување од „Камп Ноу“.

Имено, Дембеле инсистирал во двогодишниот договор што го потпишал да има можност за заминување во јули 2023 за „скромна сума“ од 50 милиони евра. Токму оваа клаузула го прави крилниот офанзивец интересен за неколку европски клубови, од кои во преден план е ПСЖ. Францускиот шампион планира да направи промени во играчкиот ростер во текот на летото, а можноста да донесе француски фудбалер за пристојна сума e одлична можност што Ал Келаифи не планира да ја пропушти.

Дембеле и минатото лето беше желба на ПСЖ, тогаш тој се премисли и реши да остане во Барса, но сега и самиот фудбалер е заинтересиран за преселба на „Паркот на принцовите“. Воедно, Барселона ќе мора да продаде играчи за над 200 милиони евра за да може да регистрира нови засилувања во текот на летото, а Дембеле заедно со Де Јонг и со Ансу Фати би можел да придонесе овој буџет да биде собран.

Се вчитува...