Дембо Дарбо го спаси Шкупи од пораз, Радески со два гола за пресврт-победа на „пандевци“ против Борец

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО – 16. КОЛО….

Тетово: ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА (2-0)

Бејтулаи 45′, Ибраими 59′

Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР (1-1)

Дарбо 89′ – Мицевски 77′(п)

Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ (0-0)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (3-1)

Ѓорѓевиќ 41′, Шаркоски 51′, Станковски 69′ – Шефити 75′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (2-1)

Радески 78′(п), 88′ – Ристовски 39′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (2-1)

Калид Абдул Басит 18′, 85′ – Илиевски 37′

======================================================================================

  • Калид Абдул Басит со два гола, од кои вториот во 85. минута донесе победа од 2-1 за Македонија ЃП против Пелистер.
  • Работнички извојува убедлива победа од 3-1 против Ренова!
  • Крај и на дуелот во Тетово, Шкендија победи со Беласица со 2-0
  • Крај и на дуелот во Струмица. Марјан Радески е херојот на Академија Пандев, со два гола во последните десет минути за пресврт-победа против Борец.
  • Крај на дербито. Поделба на бодовите меѓу Шкупи и Вардар. Дембо Дарбо ги спаси чаирчани од пораз!

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (2-1)

2-1 – 85′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Калид Абдул Басит носи предност од 2-1 за „лавовите“

АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (2-1)

2-1 – 88′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Радески носи пресврт, со нов гол за водство на „пандевци“

ШКУПИ – ВАРДАР (1-1)

1-1 – 89′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Дембо Дарбо во 89. минута носи израмнување за Шкупи и го спасува од пораз?

АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (1-1)

1-1 – 78′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Марјан Радески од пенал носи израмнување за „пандевци“

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (3-1)

3-1- 75′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Шефити Шефити ја намалува предноста на домашниот тим

ШКУПИ – ВАРДАР (0-1)

0-1 – 77′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Со голот на репрезентативецот Дарко Мицевски од пенал, Вардар поведува против Шкупи на дуелот на тренинг-центарот на ФФМ

АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (0-1)

68′ – Одлична шанса за Кристијан Велиновски за израмнување, но крајно неспретно реагира

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (3-0)

3-0 – 69′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Лука Станковски ги води домашните веќе кон убедлива победа

ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА (2-0)

2-0 – 59′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими од непосредна близина од дестина метри стрела за 2-0 за тетовци

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (2-0)

2-0 – 51′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Николче Шаркоски носи предност и од 2-0 за „романтичарите“

СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ (0-0)

46′ – Во Кратово и натаму повеќе од тешки услови за игра. Теренот половина поплавен

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 16. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА (1-0)

1-0 – 45′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Со погодокот на репрезентативецот Егзон Бејтулаи, Шкендија доаѓа до предност во Тетово


РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 41′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Домашните со голот на Драшко Ѓорѓевиќ поведуваат на „Тодор Проески“.

АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (0-1)

0-1 – 39′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Грешка во одбраната на домашните, брз напад на Борец и Марјан Ристовски од само 5-6 метри носи водство за велешани


МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (1-1)

1-1 – 37′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. По корнерот од левата страна, Илиевски од неколку метри стрела под гредата од голот на Македонија ЃП


АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (0-0)

29′ – Одлична акција на домашните преку Илиев и Радески, но во последен момент пред самиот гол расчистува гостинската одбрана

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 18′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Одлично нафрлување на Петров од десната страна, а Калид Абдул Басит од непосредна близина стрела за водство на „лавовите“

  • По 15 минути игра ниту еден погодок на прволигашките терени.

АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (0-0)

10′ – Јакимов во одлична шанса за Борец, но шутира непрецизно

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

8′ – Мирно на дербито без многу возбудувања и на двете страни

АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (0-0)

3′ – Обид на Стоилов од слободен удар од околу 25 метри, но над голот на Борец

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 16. КОЛО ВО ПМФЛ…
  • Познати се составите за пресметката меѓу Шкупи и Вардар

======================================================================================

Во 16. коло од ПМФЛ, дербито се игра во Скопје. Шкупи на стадионот „Петар Милошевски“ ќе го пречека Вардар.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...