Македонскиот интернационалец Демир Имери потпиша договор со фудбалскиот клуб Моста од Малта. Тој од Финска се сели во малтешкиот фудбал. Претходно беше и во Албанија, а во македонскиот шампионат ги бранеше боите на Работнички, Хоризонт Турново, Шкендија и на Ренова.
23-годишниот Имери е најавен како големо засилување за Моста. Тоа е клуб кој по 15 кола во шампионатот на Малта се наоѓа на 12.позиција и ќе се бори за опстанок до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА