Демир: Кратово е секогаш тежок терен, но ние одиме на три бода

Максимално оптимистичко расположение владее во таборот на Македонија ЃП пред денешното гостување во Кратово против Силекс во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Поранешниот младински репрезентативец, Бенјамин Демир е убеден дека „лавовите“ може да дојдат до трите бода, и покрај тоа што ги чека тешка задача…

„Да, Кратово е секогаш тежок терен, но сепак, имаме ние свои цели и пресметки и одиме по три бода на ова гостување. Атмосферата во клубот е одлична, сакаме така да остане и за време на паузата, а тоа можеме да го направиме само со максимално залагање во текот на целиот натревар“ – вели крилниот офанзивец на Македонија ЃП.

ПРВА ЛИГА – 4. КОЛО (денеска, 16.30 ч.)
Велес: БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
УТРЕ (16:30 ч.)
Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР

Се вчитува...