Ден на „фенерџиите“ – Гранада го запре налетот на Севилја (ВИДЕО)

Ден на „фенерџиите“ во шпанското првенство. Откако Реал Мадрид загуби на гостувањето против Еспањол, а Гетафе стигна до првите бодови во сезоната откако ремизираше против Реал Сосиедад, шанса да се најде на врвот на табелата испушти и Севилја која загуби на гостувањето кај Гранада со 1-0.

Домаќините стигнаа до победата со голот на Рочина во 25. минута од мечот, со единствениот удар во рамките на противничкиот гол. Севилја имаше дури 14 обиди кон голот на домаќините, но не успеа да ја протне топката зад голманот Максимиано.

Со овој пораз Севилја остана на четвртата позиција на табелата со 14 освоени бода, три зад водечките Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад, но и со натпревар помалку во однос на противниците.

 

Се вчитува...