ДЕН НА МАКЕДОНСКИТЕ ЛЕГЕНДИ: Дарко Панчев – Кобра (ВИДЕО)

Потсетувајќи се на успесите на легендите на македонскиот спорт, ЕКИПА започнува „Ден на македонските легенди“, секоја среда на ЕКИПА.МК

Дарко Панчев (роден на 7. септември 1965 година во Скопје, Југославија) е еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња. Своите фудбалски почетоци ги бележи во ФК Вардар чиј дрес го носи од 1983 до 1988, со тоа во сезоната 83/84 постигнува 19 гола за „црвено-црните“ и станува најмладиот европски стрелец во едно првенство.

Скопскиот состав на крилја на Панчев во сезоната 1986/87 стигнува до првата титула во престижната Југословенска прва лига во конкуренција со тимови како Црвена Звезда, Партизан, Динамо Загреб и Хајдук, а по 151 одигран натпревар за Вардар и постигнати 84 гола следува трансфер во редовите на белградските „црвено-бели“.

За Црвена Звезда, Панчев настапува четири сезони од 1988 до 1992 година, период во кој стигнува до три шампионски титули во југословенското првенство и три пати ја добива титулата за најдобар стрелец, притоа добивајќи го прекарот „Кобра“. Во сезоната 1990/91 година го доживува зенитот на својата кариера со рекордни 34 гола во најелитното југословенско првенство за што ја добива и престижната „Златна копачка“ за најдобар европски стрелец.

Во 1991 година заедно со Илија Најдоски стануваат првите Македонци кој ја освоиле Лигата на Шампионите, притоа предводејќи го својот тим до финалето со одлични настапи како оној против Панатинаикос среде Атина. На финалниот натпревар во Бари, Италија на 29. мај го реализира и одлучувачкиот пенал за првата европска титула на Црвена Звезда.

Фантастичните настапи за белграѓани го привлекуваат интересот на европските гиганти, но изборот на Панчев паѓа на Интер каде не успеава да се наметне. По италијанскиот тим следат трансфери во Локомотив Лајпциг, Фортуна Диселдорф, а кариерата ја завршува во Сион во 1997 година.

Дарко Панчев репрезентативната кариера ја почнува за Југославија за која настапува на вкупно 30 натпревари во кои постигнува 17 гола. Во квалификациите за Европското првенство 1992, Панчев е најдобар европски стрелец со вкупно 10 постигнати гола. Постигнал и два гола на натпреварот против Обединетите Арапски Емирати на Светското првенство во Италија 1990 година, кога Југославија завршила како петта.

По распадот на СР Југославија одговара на повикот на македонската фудбалска репрезентација каде ќе биде запишан во историјата како прв асистент во официјален натпревар, оној против Словенија во Крањ во кој „црвено-жолтите“ слават со 4-1. За Македонија настпува на вкупно шест натпревари со еден постигнат гол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...