Ден за дерби: Вечните ривали во нова битка за Скопје

Богатото 14. коло од Првата кошаркарска лига ќе биде комплетирано денеска од 20 часот во СЦ „Јане Сандански“ каде силите ќе си ги одмерат МЗТ Скопје и Работнички.

Двата тима во овој натпревар влегуваат во сосема различно расположение. МЗТ на крилја на победата против еврокуп составот на Цедевита Олимпија, а Работнички во серијата на порази, но во дуелите на вечните ривали никогаш нема фаворт. Победата ја добива оној кој повеќе ја посакува, оној кој ќе го остави срцето на теренот за „сино-белиот“ или „црвено-белиот“ дел од Скопје.

Од таборите на двата тима најавуваат интересен натпревар без фаворит во кој ќе дадат се од себе за победа.

Првиот меѓусебен вечен дуел оваа сезона им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје кои успеаја да го освојат „Кале“, но од тогаш работите се променети. Двата тима претрпеа големи промени во ростерот па ќе биде интересно да видиме дали Работнички денеска може да слави во Аеродром или пак МЗТ Скопје ќе успее да ја одбрани својата тврдина.

Се вчитува...