Ден за „деветки“ – Суарез си го „букираше“ омилениот број во Атлетико Мадрид (ФОТО)

Луис Суарез е нов фудбалер на Атлетико Мадрид. Тој денеска ги помина медицинските прегледи во тимот од „Ванда Метрополитано“ по што потпиша двогодишен договор со тимот од главниот град на Шпанија.

Тој го одбра и бројот кој ќе го носи во новата сезона, а тоа е „омилената деветка“. Суарез во Атлетико Мадрид премина од редовите на Барселона од која беше дел во последните шест години. Главна причина за неговото заминување е односот меѓу фудбалерите и раководството поради кој пред напуштање на „Камп ноу“ беше и најдобриот фудбалер на денешницата Лионел Меси.

 

Се вчитува...