Денеска е тој ден – Роналдо ќе дебитира во „Серија А“

Дојде и тој ден, по неколку месеци пауза повторно ќе следиме „треска“ на фудбалските терени низ Италија. Денеска и официјално стартува новата сезона во „Серија А“, а нема подобар начин за нејзин почеток од дебито на Кристијано Роналдо во дресот на Јувентус, во првиот меч од новиот шампионат со почеток во 18 часот Киево ќе го пречека Јуве.

Португалскиот ас летово за сума од 100 милиони евра дојде од Реал Мадрид во таборот на „старата дама“, а неговата желба е јасна – да продолжи со жетвата на трофеи. Тренерот Алегри не крие дека е воодушевен од физичката подготвеност на Роналдо, кој дефинитивно ќе биде стартер против Киево.

„Роналдо е најдобар во светот, тој дојде максимално „фит“ уште на стартот на подготовките. Се уште имам одредени дилеми околу составот, но Кристијано сигурно ќе биде стартер, заедно со Шчешни, Кансело, Алекс Сандро и Пјаниќ. За останатите ќе решиме дополнително“ – истакна Масимилијано Алегри.

Се вчитува...