Денеска на СП: Дојде и тој ден – Тунис да се моли за Македонија

Денеска се комплетираат групите А и Б, по што ќе бидат познати и првите четири осминафинални двојки, дуелите меѓу селекциите кои в сабота ќе се борат за место меѓу најдобрите осум селекции во светот.

ГРУПА А

Русија – Бразил  (14 часот), Франција – Полска (17.45 часот), Норвешка – Јапонија (20.45 часот)

GRUPA A

Во оваа група нема дилеми околу патниците во осминафиналето, откако Полска и Јапонија ги загубија шансите за пласман меѓу првите четири селекции и ќе патуваат во Брест на „Президент купот“. Франција е сигурно прва, Норвешка е втора, а најинтересен ќе биде мечот меѓу Бразил и Русија, кој ќе решава за третата позиија на табелата.

ГРУПА Б

Ангола – Тунис (14 часот), Македонија – Исланд (17.45 часот), Словенија – Шпанија (20.45 часот)

grupa B tabela

Тунис пред девет месеци го урна олимпискиот сон на македонските ракометари, но „коцките се свртеа“, па сега африканските вицешампиони ќе се молат за Македонија, бидејќи зависат од нашата репрезентација доколку сакаат да ги продолжат настапите на овој мундијал. Тунижаните речиси сигурно ќе ја совладаат Ангола во својот меч, но за да стигнат до четвртото место потребно им е и Македонија да го совлада Исланд. Доколку нашиот меч заврши нерешено, Тунис ќе треба да победи со 16 гола разлика против Ангола за да биде четврти на табелата.

Што се однесува до нашиот дуел со Исланд, ситуацијата е јасна – победа или реми на македонската репрезентација значат освојување на третото место и избегнување на Франција, пораз – дуел во Лил со домаќинот.

Дербито на оваа група се игра во 20.45 часот меѓу Шпанија и Словенија, дуел кој ќе одреди која од овие две селекции ќе го освои првото место во Мец.

Се вчитува...