ДЕНЕСКА НА СП: Хрватите на Исланд, Србите на Русија…

Втор ден на 26. Светско првенство во ракомет во Германија и во Данска и први вистински возбудувања на Мундијалот. Покрај секако централното наше внимание насочено кон мечот меѓу Македонија и Јапонија од 15:30 часот, не очекуваат уште девет натпревари.

Хрватска против Исланд во нашата Група Б

Репрезентацијата на поранешниот македонски селектор, Лино Червар веднаш на стартот на Светското првенство од 18 часот го чека силен тест против Исланѓаните. Хрватска е фаворит според светските ракометни аналитичари, но сето тоа ќе мора да го покаже на паркетот.

Во третиот натпревар од нашата група, Шпанија без проблеми од 20:30 часот треба да стигне до триумфот против Бахреин.

Србите против директниот конкурент за пласман во следниот круг – Русија

Од 18 часот на Мундијалот се играат четири натпревари. Покрај дуелот меѓу Хрватска и Исланд интересно ќе биде да се види како првенството ќе го отворат во меѓусебна пресметка Србија и Русија. Факт е дека Русите се фаворити, но Србите најавуваат битка без предавање до крај.

Во вториот натпревар од оваа група, пак, Франција очекува лесна победа против Бразил.

Швеѓаните и Норвежаните по лесни победи

Денот на СП ќе заврши со четири натпревари од 20:30 часот… Швеѓаните и Норвежаните се огромни фаворити во пресметките против Египет односно Тунис

Унгарците против Аргентина во Групата Д, исто така ја носат фаворитската улога…

 

Се вчитува...