Ова денеска не беше Македонија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

„Ел команданте“ со Македонија ја загуби првата битка на ЕП во Хрватска. По трите натпревари без пораз во првата фаза, кога очекувањата беа најголеми и одеа и до европско финале, како приземјување дојде разочарувачкиот пораз од Шпанија (20-31) и уште поразочарувачката игра на македонската репрезентација. Премногу грешки, повреда на Кире Лазаров, конфузија во одбраната, безидејност во нападот, измешан состав во кој единствена светла точка беа голманите – Борко Ристовски во првиот и Никола Митревски во вториот дел.

Многу грешки, се беше грешка. Денеска ова не беше Македонија. Не знам што се случи сакам да ги прашам играчите. Се беше тешко и ништо не функционираше…“ – немаше одговор за хаосот на терен, селекторот Раул Гонзалес.

Се вчитува...