Дени Илиев не е посеризно повреден

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дени Илиев, не е посериозно повреден. Чуварот на мрежата на Арсенал ќе паузира само три дена и од понеделник ќе почне со максимални тренинзи, објави порталот МАКФУДБАЛ.МК.

Тој го напушти предвреме натпреварот против Тотенхем за играчи до 23 години, но деталните лекарски прегледи покажаа дека не се работи за ништо сериозно.

Илиев има мало воспаление на препоните кое во моментот предизвикало поголема болка, но по само тридневен одмор тој ќе може да почне со максимални тренинзи. Веќе од понеделник, Дени Илиев ќе биде во полн тренажен процес и ќе може да конкурира за настап.

Се вчитува...