Дени Илиев се повреди, принудно заменет на мечот со Тотенхем

Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев заработи повреда на вчерашниот натпревар на Арсенал против Тотенхем во Премиерлигата за фудбалери до 23 години.

Илиев се повреди во 77. минута од средбата поради што беше и принудно заменет не можејќи да го продолжи дуелот. Арсенал У-23 триумфираше со убедливи 0-4 на гостувањето против Тотенхем У-23.

Се очекува во текот на денот, по лекарските прегледи, и попрецизни информации околу видот и тежината на повредата на македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...