Дени Илиев во составот на Арсенал за мечот со Фулам?

Македoнскиот репрезентативен голман Дејан Илиев би можел за првпат во својата кариера да се најде на еден премиерлигашки натпревар како резервен чувар на мрежата во составот на Арсенал.

Арсенал на отворањето на новата сезона во Премиер-лигата денеска гостува на Фулам, а како што најавуваат англиските медиуми Илиев се очекува да биде на клупата за резервни фудбалери како замена за Бернд Лено. Според најавите, со оглед на фактот дека Емилијано Мартинез, кој досега беше резервен голман во Арсенал, е пред трансфер во Астон Вила, се очекува македонскиот голман сезонава да биде резервната опција за голот на „топчиите“.

Илиев минатата сезона беше на позајмица во полска Јагелонија, но сега се врати во Арсенал со кого има договор до 2022 година. Како опции за резервен голман на лондонскиот тим се и 19-годишниот Оконово, како и младинскиот репрезентативец на Англија до 18 години, Карл Хејн.

Се вчитува...